Шампионот во Катар добива 42 милиони награда

256

Според правилникот на ФИФА, победникот во денешното финале на Мундијалот во Катар помеѓу репрезентациите на Аргентина и Франција ќе добие 42. милиони долари како награда за освоеното прв место.

Од друга страна пак, поразениот ќе добие нешто помалку, што е и нормално, а тоа е сумата од 30 милиони долари.

Парите секако од на контото на фудбалските сојузи, а најголемиот дел од нив ќе заминат како премии за фудбалерите. Па така, „Лекип“ пренесува дека доколку Франција го осви Мундијалот, Килиан Мбапе ќе добие премија од 586.000.

Третпласираната Хрватска доби на своето конто 27 милиони долари додека пак, Мароко кој заврши четврти два милиони помалку.

Вкупниот награден фонд на ФИФА за овој турнир изнесува 440 милиони долари.

 

Претходно12 поени на Димитријевиќ во убедливиот триумф на Уникс
СледноГООООЛ! Лео Меси носи предност за Аргентина! (видео)