Уника Казан за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ на домашен терен го запиша 15. триумф оваа сезона во ВТБ-лигата, откако на домашен терен потешко од очекувањата го совлада Новгород со .
Тимот на македонскиот репрезентативец добро ја отвори средбата, поведе со 23-14, на одморот водството беше 41-35. Во продолжение Уника Казан успеа да дојде до двоцифрена предност, која на крајот не беше лесно да се одржи.
Димитријевиќ средбата ја заврши со 12 поени, (1/4 за три, 3/6 за два, 3/3 за еден поен), за нецели 29 минути во игра додаде три скока, пет асистенции и четири загубени топки.
Уника има два порази оваа сезона, двата се од ЦСКА Москва која е на победа до рекордот во ТВБ-лигата.