За ИНФАРКТ: Најубавото финале во историјата, и БОГОВИТЕ се смилуваа!

226

Уф, блескаво, фантастично, антологиско, нестварно, најубавото финале во историјата и на крај и БОГОВИТЕ се смилуваа и му дозволија на Меси да дојде до она што му припаѓа природно. А тоа е титулата светски првак.

Резултатот, а, да, 2:0, па 2:2, па 3:2, секако 3:2 и а крај 3:3.

Нестварно…

Па пенали, а потоа се е историја.

Аргентина е во еуфорија, и повеќе од тоа 1986 кога Марадона го освои светот, сега Лео покажа и докажа дека е најголемиот и тој во таа последна средба во дресот на репрезентацијата и ја донесе таа голема радост на својата нација.

За вистинско финале потребни се двајца, а вечерва тоа беше Мбапе пред се. Франција ја немаше никаде 80 минути но тогаш “експлодира“, но нели, БОГОВИТЕ се смилуваа.

И требаше, кога после секој постигнат или примен гол плачеш е тогаш и заслужуваш да бидеш на крајот победник.

Филмско финале, а за режисерот чиста “десетка“. Се чини дека тој од горе знаеше како треба да ги прикаже сите оние елементи за еден голем, најголем меч во историјата барем кога се во прашање финалињата на Мундијалите.

ПретходноМеси е кралот, Аргентина е на тронот!
СледноИзвини Мбапе, ама Меси е ФУДБАЛСКИОТ БОГ!