Двојна програма во Светскиот куп во скијачки скокови се одржа во швајцарскиот Енгелберг. Во саботата триумфираше словенечкиот скокач Анже Ланишек, а наредниот ден водечкиот во светскиот куп Давид Кубацки успеа да го освои првото место на подиумот. Тој беше најдобар на денешните натпревари пред Австриецот Мануел Фетнер, а Јанишек го освои третото место.
Тоа е четврта победа на Кубацки сезонава, а деветта севкупно во кариерата.
Следно за скокачите е Новогодишната турнеја „Четири скокалници“.