Меси е кралот, Аргентина е на тронот!

108

Aргентина трет пат во историјата, а првпат по 1986 година е светски шампион во фудбал. Долгото чекање заврши вечерва на стадионот „Лусаил“ во Доха во финалето на Мундијалот во Катар. Совладана е Франција на пенали, симната е од светскиот трон во драматичен меч полн со пресврти. Меч за „кинење“ на нерви, за главоболки…

Аргентина два пати водеше, Французите два пати се вратија. На крајот се изведуваа пенали, а таму Аргентинците ги погодија сите, а Французите два пати промашија. Конечни 4:2 за титула на „гаучосите“. Титула за Лео Меси кој ќе ја заврши репрезентативната кариера со стил. Со долго посакуваната светска круна!

Alvarez congratulates Di Maria

Жестокиот дуел мораше да се решава на пенали. Инаку мечот го одбележаа две различни полувремиња, во првото доминираше Аргентина која и поведе со 2:0.

Меси од пенал ја доведе Аргентина во водство, а во 36 минута после фантастичен контра напад, Мекалистер истрча сам кон голот на Франција но несебично подаде на другата страна до Ди Марија кој рутински ја смести топката зад грбот на Лорис.

Французите беа толку непрепознатливи што селекторот Дидие Дешамп во 41 минута направи двојна измена. Излегоа Жиру и Дембеле, а влегоа Маркус Турам и Коло Муани.

Mbappe volleys in the equaliser

Во вториот дел иста слика на теренот се до моментот кога Франција доби пенал. Еден момент на деконцентрација, невнимание и Франција казни. Пенал на Отаменди по стартот врз Коло Муани, а тоа ги крена „галските петли“. Мбапе погоди од белата точка, а веднаш потоа најдобриот француски фудбалер во моментот по една акција ја затресе мрежата за изедначување.

Се отиде во продолженија каде имаше шокантни моменти. Во 109 минута Аргентина дојде во предност. Мартинез се најде во ситуација, биеше но Лорис одбрани, а одбиената топка во гол ја смести Меси.

Messi pokes the ball over the line

Во наредната акција, Мбапе биеше во лактот на еден аргентински играч кој се бранеше да не биде погоден во главата. Судијата Марцинијак покажа пенал. Мбапе погоди и изедначи на 3:3.

Mbappe slams the penalty home

Во 120 минута мечот можеше да биде решен во полза на Французите. Коло Муани имаше перфектна можност за целосен пресврт но Мартинез одбрани и ја спаси Аргентина од колапс.

Се отиде на изведување на пенали во кои подобри беа Аргентинците.

ПретходноЛудо сценарио – пенал за Франција и ново изедначување 3:3! (видео)
СледноЗа ИНФАРКТ: Најубавото финале во историјата, и БОГОВИТЕ се смилуваа!