На нешто повеќе од еден час пред почетокот на финалето на СП во Катар, познати се стартните состави на Аргентина и Франција.
Селекторот на “гаучосите“ Лионел Скалони изненади, имено мечот ќе го започне со Ди Марија.
Еве ги стартерите на Аргентина:
Е. Мартинез, Тањалафико, Ромеро, Отаменди, Молина, МекАлистер, Е. Фернандез, Де Пол, Ди Марија, Меси и Алварез.
Дидие Дешамп пак ќе истрча со најсилниот можен состав.
Еве го стартерите на Франција:
Лорис, Кунде, Варан, Упамекано, Ернандез, Чуаемени, Рабио, Гризман, Мбапе, Дембеле и Жиру.