Рекордна вечер на Букер од 58 поени (ВИДЕО)

97

Кошаркарите на Феникс го победија Њу Орлеанс со 118-114 во неверојатна партија на Девин Букер. Бекот на Санси одигра меч за паметење, на теренот мина помалку од 43 минути за кои постигна 58 поени. Зад своето име додаде уште шест скока и пет асистенции.

Покрај Букер добра партија пружија Крис Пол и Бриџис, двајцата постигнаа по 18 поени, на другата страна Зајон имаше 30 поени.

Во одличен натпревар по продолжение Кливленд го совлада Далас со 100-99 и дојде до 20-та победа оваа сезона со која го држи третото место на Истокот. На другата страна Маверикс беше без помошта на Лука Дончиќ, кој поради повреда на мускулот е надвор од терените.

Митчел со 25 поени го предводеше победничкиот тим, кај Далас Волкер и Вуд беа најефикасни, првиот запиша 32 поени, додека вториот 26.

На останатите средби, Хјустон беше поразен од Портланд со 95-107, Милвоки ја совлада Јута со 123-97.

ПретходноГерет Саутгејт ја донесе конечната одлука
СледноФинале за уживање: Аргентина против Франција, дуел на ТИТАНИТЕ, на врвот има место само за еден!