На 3. јануари во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра мечот на деценијата, на едната страна ќе бидат ракометните ветерани и актуелните репрезентативци. Овој натпревар има една цел – да им се оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои оставиле свој личен придонес во колективниот учинок на ракометот како најпопуларен македонски спорт. Истиот ќе биде од хуманитарен карактер.
Билетите за оваа средба ќе бидат во продажба од денеска преку мрежата на МК Тикетс по цена од 250 и 300 денари.
Приходите од продажбата на билетите, Ракометната федерација на Македонија ќе ги донира на „СОС Детско село“ од Скопје, која организација во моментов поддржува повеќе од 394 деца и млади кои се без родители и родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Повеќе од 20 години СОС Детско село функционира на принцип на донации, благодарение на кои се грижи за децата кои се под нивна надлежност.
View this post on Instagram
СКОПЈЕ – ЛИТЕРАТУРА:
- Рамстор Мол
- Ист Гејт Мол
- Скопје Сити Мол
- ТЦ Буњаковец
- Веро Џамбо
- ГТЦ Приземје
- Улица Македонија
БИТОЛА:
- TOBACCO BROTHERS – Широк Сокак
- ЛИТЕРАТУРА 2 – Широк Сокак 40
ГОСТИВАР:
- TOBACCO BNB – Ул. ЈНА бр.1
- ВОЈНА ПЕТ – Ул. Живко Брајковски 15
ТЕТОВО:
- ГРАНД ТОБАКО – Ул. 29 Ноември бр.107, локал бр.2
- ТОБАКО МОНАКО – Ул. Илинденска 176
СТРУМИЦА:
- ТА САФАРИ – Ул. Благој Јанков Мучето бр.2
- ЛИТЕРАТУРА – Ул. Благој Јанков Мучето бр.4
ОХРИД:
- ТА ВИС ПОЈ – Бул. Македонски Просветители бр.1
ВЕЛЕС:
- УНИСОН – Ул. Благој Ѓорев бр.9
РАДОВИШ:
- HALKIDIKI TRAVEL – Ул. Партизанска бр.43
ПРИЛЕП:
- Т.А. БРАН – Ул. Пере Тошев 75
КУМАНОВО:
- Кафе Бар АГОРА – Т.Ц. Гарнизон
МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА:
- CLIFF OF MOHER – PUB Маршал Тито