Аргентина слави. Светска титула после долго чекање. Градовите се спремни за славење, во Росарио, родниот град на Лео Меси, се на улица се слави големиот успех. Во Буенос Аирес исто така лудница. Плоштадот полн со народ. Качени дури и на бандери… Лудилото ќе кулминира кога ќе пристигнат фудбалерите и со отворен автобус ќе бидат однесени од аеродромот до плоштадот. Тоа ќе биде накаде во вторник изутрина по македонско време.
Аргентинските фудбалери веќе го напуштија Катар, летнаа за Рим, а од таму ќе фатат авион за Буенос Аирес…
Buenos Aires 🤯🏆🇦🇷 #Argentina
pic.twitter.com/RaPCkwy96L— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 19, 2022