Бускетс одлучил – ја напушта Барселона на крајот на сезоната

115

Искусниот шпански дефанзивец Серхио Бускетс ќе ја напушти Барселона по завршувањето на сезоната во шпанската Ла Лига. Според каталонските медиуми, 34-годишниот фудбалер кој има договор со Барса до јуни идната година, одлучил да не го продолжи истиот со што нема повеќе да биде дел од „Блауграна“.

Неговата следна дестинација најверојатно ќе биде Интер Мајами на Дејвид Бекам.

Бускетс ја почна кариерата во школата на Барселона, во 2008 година дебитираше за првиот тим под водство на Пеп Гвардиола. Од тогаш ветеранот има 696 натпревари за каталонскиот клуб.

ПретходноНишто од трансферот на Херера во Шкендија
СледноДали имаше фаул во напад пред пеналот за Франција за 3:3!? (ВИДЕО)