Познатиот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ денеска беше погребан во Рим, по последното патување од базиликата „Света Марија“.
Надвор пред црквата се собраа илјадници луѓе да се простат од прославениот ас, а меѓу нив имаше и познати фаци. Неговите големи пријатели Дејан Станковиќ и Роберто Манчини го носеа ковчегот во првите редови, по што автомобилот го однее на блиските гробишта каде што бил погребан со присуство на најблиското семејството.
Михајловиќ почина на 54-годишна возраст по долга борба со леукемија. Збогувањето со легендарниот српски фудбалер започна во неделата, кога колони Римјани чекаа пред римската општина Кампидољо за да му оддадат почит.
Decine di corone di fiori ai funerali di Sinisa Mihajlovic pic.twitter.com/fWBtGe39Yw
— askanews (@askanews_ita) December 19, 2022