Монструозниот Јокиќ со рекорд во кариерата: НБА ваков меч чекаше повеќе од 50 години (ВИДЕО)

701

Никола Јокиќ во победата над Шарлот од 119-115 одигра меч достоен за еден актуелен двократен МВП во најсилната лига. НБА ваква партија чекаше уште од Вилт Чембрлен во 1968 година. Јокиќ до 81. трипл-дабл во својата кариера дојде со 40 поени, рекордни 27 скока за него и 10 асистенции.

Ваквиот учинок кој НБА го нарече монструозен во историјата, до истиот дојде само Вилт Чембрлен кој го направи четири пати, последниот во 1968 година.

Јокиќ веќе на полувремето имаше 20 скока, и да не постигнеше ниту еден кош и натаму ќе останеше првиот играч после Чембрлен кој запишал 27 скока и 10 асистенции.

ЛА Лејкерс пак успеа да „врзе“ две победи во низа, на домашен терен го совлада Вашингтон со 119-117. Леброн Џејмс беше лидер во редовите на својот тим, постигна 33 поени, 7 скока и 9 асистенции, зад него беше Волкер со 21 поен.

За Лејкерс ова беше само 13 победа, со 16 порази се наоѓа на 12. позиција на табелата во Западната конференција.

ПретходноФото за историја: КРАЛОТ со кралска наметка и “Божицата“ во раце!
СледноПеле им честиташе на Аргентина и Меси: Марадона сигурно е насмеан!