Јувентус со најмногу шампиони во историјата на СП, Ди Марија со несекојдневен рекорд

340

Италијански Јувентус остана клуб со најмногу светски шампиони во историјата на фудаблот откако двоецот Анхел Ди Марија и Леандро Паредес се закитија со шампионската титула со Аргентина на СП во Катар.
Јувентус на досегашните СП дал вкупно 27 играчи кои го освојувале Мундијалот, а зад нив е Баерн со 23 играчи. Трет е Интер со 22 играчи кои се искачиле на кровот на светот, а меѓу првите пет се и Рома (18) и бразилски Сантос (15).


А Анхел Ди Марија со голот во финалето постави несекојдневен рекорд, нешто што во блиска иднина не е возможно да се повтори.
Тој постигнал гол(ови) на финале на Олимписките игри, во финале на Копа Америка, во финале на СП. Исто така бил стрелец и во „Финалисима“ (дуелот меѓу јужноамериканскиот и европскиот шампион, Аргентина-Италија 3:0 кој беше обновен по 29 години пауза).

ПретходноБуенос Аирес ги чека хероите. Погледнете колку народ се собра на плоштадот…(видео)
СледноДе Пол како Нострадамус: Предвидел титула за Аргентина на Копа Америка и на СП 2022