Карим Бензема, официјално најдобриот фудбалер во светот, денеска потврди дека никогаш веќе нема да игра за Франција, никогаш веќе нема да го носи дресот на својата репрезентација. Имено познато е дека тој поради случајот „Валбуена“ долго време не беше дел од националниот тим. Сепак Диде Дешамп му прости и лани го врати во репрезентацијата.
Но она што се случуваше за време и пред Мундијалот во Катар беше и тоа како доказ дека некои работи меѓу нив двајца и тоа како не функционираат.
Бензема денеска на своиуте социјални мрежи покрај другото напиша:
„Нашата приказна завршува тука…“.