Иако во сенка на Мбапе, сепак Антоан Гризман покажа и на овој Мундијал дека е естра класа, но и тоа дека не може да го искаже сиот свој квалитет во Атлетико Мадрид. Токму затоа веќе почнаа шпекулациите дека Гризман веќе во јануари или во јуни би можел да направи сензационален трансфер и во Манчестер Јунајтед.
Ерик тен Хаг, стратегот на Јунајтед токму него го барал за да биде еден од клучните играчи во неговиот состав.
Се разбира дека за ова решава и самиот Атлетико Мадрид.