Родриго Де Пол си знае како треба. Тој веруваше во овој тим дека може многу да постигне и така излезе. Во 2021 година на една фамилијарна забава пред почетокот на Копа Америка тој кажал дека ќе бидат шампиони на Јужна Америка. Тоа и се случи. Во септември 2022 година на сликичка од албум за СП во Катар напишал дека Аргентина ќе го освои СП. Таа сликичка му ја дал на својот шура.
„Родриго Де Пол: Сега е 18.септември 2022. Ја потпишувам оваа сликичка и велам дека за два месеци ќе го освоиме СП“, пишува на сликичката.
А се случи и тоа. „Малиот мотор“, како што го нарече Емилијано Мартинез, си ја знае работата…
CREER, SIEMPRE CREER. https://t.co/q3e2b8PxQM
— Rodrigo de Paul (@rodridepaul) December 18, 2022