Додека фудбалскиот свет се занимава, по „приказната“ и “плачењето“ на Л`Екип, дека голот на Меси за 3:2 бил нерегуларен, еве снимка што му претходеше на пеналот за Франција во судиското продолжение по кој Мбапе погоди за 3:3.
Факт е дека Монтиел игра со рака, тука нема дилеми, но неколку секунди претходно, можеби две – три секунди ако не и помалку, има класичен фаул во напад од страна Упамекано врз еден фудбалер на Аргентина. Барем така се гледа од снимката која можете да ја видите во продолжение. Погледнете само каде е левата рака на дефанзивецот на Франција. Се разбира дека ова е фаул, но судијата Марчињак не свири ништо, ВАР не реагира, акцијата продолжува за да потоа Монтиел игра со рака и се свири пенал за Франција, а Мбапе погодува за 3:3.
Инаку, барем според фотографиите, можете да видите подолу, кога Меси го дава голот за 3:2 има резервни играчи на Аргентина на теренот. Секако дека тоа требаше да се санкционира, такви се прописите и правилата, но од друга страна тоа не е пресудно за голот на Меси, ако говориме тука фудбалски.
А во првиот случај ако Марчињак сакаше да го види фаулот немаше да дојде до пеналот и Аргентина ќе си победеше со 3:2 по тие 120 минути.
Сепак судиската е последна, нели?
Close-up pic.twitter.com/M5LCGvdbJ5
— TL10 🇦🇷 (@TotalLeoFCB) December 19, 2022