Ермедин Адем (32), досегашниот капитен на Македонија ЃП по речиси четири години престој меѓу „лавовите“ направи трансфер во Воска Спорт, еден од најдобрите тимови во ВМФЛ и аспирант за влез во нашата елита.
Заминувањето на Адем ни го потврди и тренерот на тимот од Ѓорче, Муарем Бајрами.
„Да, точно е дека Адем не е веќе наш фудбалер. Пријателски се разделивме и јас му посакувам се најубаво во новиот клуб. Колку што знам тој веќе се има договорено со тимот на Воска Спорт“ изјави за „Спормедиа“ стратегот на „лавовите“.
Инаку Адем досега играше и за Шкупи, Милано, Тетекс, Ренова а во Ѓорче беше од јули 2019 година.
Секако дека Воска Спорт ќе добие големо засилување во средниот ред со ангажманот на Ермедин Адем.