Мартинез даде објаснување за срамното однесување!

4612

Емилијано Мартинез се најде на мета на критики по доделувањето на признанијата за најдобри на Светското првенство во Катар кое го освои токму неговата земја. Откако ја доби наградата “Златната ракавица“ за најдобар голман, следеше потег кој никој не го очекуваше.

Голманот го објасни и својот гест и беше брутално искрен.

„Го направив тоа бијдеќи Французите ме исвиркаа. Честа за мене не функционира“, објасни тој за аргентинското радио Ла Ред.

Тој беше еден од играчите кои дојдоа да го утешат Мбапе, кој постигна хет-трик во финалето, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон, но тоа не може да му одземе од неговиот навистина дрзок гест.

Својата лоша страна ја покажа и при прославата во соблекувалната кога го навреди Мбапе: „Минута молк… за Мбапе кој е мртов“.

 

ПретходноПо поразот, Французите дивееле по улиците во Париз, дошло до голем конфликт со полицијата (ВИДЕО)
СледноУште еден срамен момент од соблекувалната на Аргентина, навреди и за Камавинга (ВИДЕО)