Од „Ние сме Роки Балбоа“ до „Што ме гледаш глупав“ – десетте фрази кои го одбележаа СП

1787

По еден месец борба заврши Светското фудбалско првенство во Катар. Уживавме во интересни мечеви, интересни моменти, голови и изјави кои ќе останат запаметени во Катар 2022. Аргентина го освои трофејот и тоа ќе биде запишано со златни букви. Но во сеќавање се и неколку фрази, зборови кои го одбележаа овој турнир.

1) ЏАНИ ИНФАНТИНО:Денеска се чувствувам Катарец, Арап, Африканец, геј, работник, мигрант, со хендикеп…“, првиот човек на ФИФА ја искористи прес-конференцијата пред почетокот на натпреварувањето за да го крене гласот во одбрана на изборот, да укаже на напредокот што во арапската земја благодарение на Светското првенство и да укаже на лицемерието на Европа.

2) ЕРВ РЕНАР: „Сите ѕвезди ни се наредија денеска. Аргентина продолжува да биде фантастична репрезентација со 36 натпревари по ред без пораз, шампиони на Копа Америка, со играч спектакуларен, но во фудбалот понекогаш се случуваат овие неочекувани работи“, кажа селекторот на Саудиска Арабија по победата над Аргентина во 1.коло од групата со што ја прекина прекрасната серија на „гаучосите“ без пораз која траеше три години и четири месеци, односно 36 натпревари и ја остави на еден меч од рекордот на Италија.

3) „Ќе ја е*еме Хрватска. Ќе им покажеме дека заслуживме да сме тука“. рече Џон Хердман, селекторот на Канада на своите фудбалери пред дуелот со Хрватите во групата.

4) „Притисок? Притисок е помислата за тоа што ќе јадеме наредниот ден. Да се биде селектор на Гана не е притисок, тоа е привилегија“, рече Ото Адо, селекторот на Гана по поразот од Португалија во првото коло.

5) „Честитки за Роналдо и за рекордот. Веројатно затоа што е ѕвезда доби и подарок (пенал) од судиите. “, изјави Ото Адо, селекторот на Гана по поразот од Португалија (3:2) и пеналот што беше досуден и кој го реализираше Роналдо. Тој не може да се помири со одлуката на судиите.

6) „Што гледаш глупав!“, подвикна Лео Меси кон холандскиот фудбалер Вут Вегхорст, стрелецот на двата гола против Аргентина. Меси беше лут на Ван Гал и на холандските фудбалери по нивниот меѓусебен дуел во четвртфиналето. Меси дури имаше коментар за Ван Гал: „Тој ни продава убав фудбал, а всушност ништо посебно не прави. Ќе стави високи фудбалери во нападот и игра на нафрлени топки“.

7) „Ние сме Роки Балбоа на ова СП“, кажа селекторот на Мароко, Валид Реграгуи по победите над Шпанија односно Португалија и станаа првата африканска репрезентација која стигнала до полуфинале на СП. Тој дополни: „Парите не можат да ја победат страста кон фудбалот. Ова не е чудо, ова е работа. Целиот африкански континент се радува. Ние сме тим кој секој го посакува, талент, квалитет и желба за фудбал“.

8) „Дадов се од себе на теренот. Никогаш не ѝ свртев грб на борбата и никогаш не се откажав од тој сон. За жал, вчера сонот заврши… Сонот беше убав додека траеше… Сега, Да се надеваме дека времето ќе биде добар советник и ќе дозволи секој да донесе свои заклучоци“, рече Кристијано Роналдо по елиминацијата од Мароко и информациите за караница со селекторот Фернандо Сантос.

9) Во јавноста протекот информации дека Дешамп го избкрал Бензема од репрезентацијата. Иако напаѓачот на Реал заздраве за мечевите од нокаут фазата, селекторот не сакал да го врати назад во националниот тим. Ниту го поканил во тимот барем да го гледаат заедно финалето.
Ако не одговорам, ќе кажете дека е така. И претходно имав повредени играчи. Карим е еден од нив. Последен кој се повреди е Лукас Ернандез. Од тогаш имам 24 играчи за работа. Групата е тука. Не зависи од мене кој доаѓа да го гледа натпреварот. Мојата концентрација е на 24-члениот состав што го имам и тоа ќе бидат играчите кои се на располагање за финалето“, изјави Дешамп.

10) „Сакам да продолжам да играм за Аргентина и како светски шампион“, рече Лео Меси по освојувањето на титулата светски првак. Со оглед на возраста се очекуваше тој после овој Мундијал да ја напушти селекцијата и да го отстапи местото на помладите.
Тој тој одлучи да продолжи: „Не, нема да се откажам од настапите во репрезентацијата. Сакам да играм за Аргентина и како светски шампион. Да, цел живот сонував за овој пехар и на крај Бог ми го подари. Овој сон ми беше уште од дете“ рече покрај другото Лео Меси

 

ПретходноДе Пол како Нострадамус: Предвидел титула за Аргентина на Копа Америка и на СП 2022
СледноЛ’Екип го состави најлошиот тим на СП 2022