На Французите поразот во финалето од Аргентина по изведување на пенали, очекувано им падна тешко. Но, веднаш по завршување на дуелот за титулата дел одлучија својот револт да го истурат низ улиците на Париз.
Како што пишуваат тамошните медиуми Французите дивееле низ улиците на главниот град на оваа земја, а ситуацијата во еден момент ескалирала, па дошло до конфликт со полицијата.
Полицијата растерала дел од навивачите, но оние кои сакале да се пресметаат останале, а полицијата морала да употреби сила и солзавец.
Од друга страна, навивачите на Франција и одговорија на полицијата со фрлање разни видови ракети кон нив.
Уапсени се десетина лица, но не поради тепачка со полицијата, туку поседување разни работи како факели и огномет.
🇨🇵 | LO ÚLTIMO: Disturbios en París luego de la derrota de Francia ante Argentina. Reportan heridos y detenidos. #Qatar2022 pic.twitter.com/ryvEGBWUcc
— Alerta Mundial (@AlertaMundial2) December 18, 2022