Силекс се засили со младинскиот репрезентативец Хамза Рамани!

1511

И официјално Хамза Рамани (20), актуелниот младински репрезентативец на Македонија до 21.година, е нов член на Силекс. Кратовци денеска го потпишаа одличниот и талентиран играч за врска кој може да игра и на позицијата десен бек, па така тој во наредните три сезони ќе го носи дресот на амбициозниот тим на Силекс.

Инаку Рамани во Кратово доаѓа од Победа, а претходно играше и за екипите на Шкупи, Велазерими, Велешта, Беласица. Во изминатата есенска полусезона, колку што беше во Победа, одигра 13 натпревари во ПМФЛ и постигна еден гол. Беше еден од најдобрите поединци во таборот на прилепчани.

Секако дека ова за Силекс ќе биде квалитетно засилување.

ПретходноИграше со Пандев во Лацио, а стана вториот најмлад селектор светски шампион!
СледноПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: БАСКЕТ КАМ 2011 ќе презими на првото место!