Скандалозно: Ловрен и Брозовиќ со фашистичкиот поздрав – ЗА ДОМ СПРЕМНИ! (ФОТО)

896

Ова е Балкан. Тука нема помош, тука нема никакви изгледи некогаш ова да биде Скандинавија или во најмала рака цивилизирана Европа.

Имено хрватскиот влијателен портал „Индекс.хр“ открива голем скандал, во кој се вклучени едни од најдобрите хрватски репрезентативци Дејан Ловрен и Марсело Брозовиќ. Секоја чест за третото место, секоја чест за нивниот фудбалски квалитет, но тоа што го направија или направиле, барем според “Индекс.хр“, навистина не се простува.

Имено откако синоќа хрватската репрезентација беше пречекана во центарот на Загреб пред 100.000 фанови, и двајцата фудбалери заминале во Велика Горица каде со посебно друштво го прославувале успехот, така и треба.

Но во еден момент, веројатно понесени од атмосферата, и двајца почнале да извикуваат – ЗА ДОМ СПРЕМНИ, со рацете дигнати во вис.

На тие што не им познато, тоа е усташки поздрав за време на Втората светска војна кога Хрватска, која тогаш се нарекуваше НДХ, беше во сојуз со нацистичка Германија.

И после овој потег на Ловрен и Брозовиќ зовреа страстите во БиХ, а пред се во Србија.

Секако дека и дел од медиумите во Хрватска го осудија овој нивен потег, а „Индекс.хр“ јавно побара мислење од ХНС дали Ловрен и Брозовиќ ќе бидат казнети.

VIDEO Lovren i Brozović urlaju Za dom spremni

Непотребно од нивна страна. Место цел Балкан да се гордее со успехот на Хрватска и да се радуваме сите, некои прават такви глупости што те одвлекуваат од помислата да бидеш нивни фан.

Замислете по освојувањето на „Божицата“ во Бразил 2014 година, на прославата Швајнштајгер, Ноер или Геце да поздравуваа со нацистичкиот поздрав – ЗИГ ХАЈЛ (Sieg Heil).

Немојте да замислувате, во Германија за тоа се оди во затвор.

А на Балканот на некои ова им е симпатично…

ПретходноСЕХА пушти „абер“: Нова сезона со 8 клуба, два од Македонија
СледноЛембанов: Го преализиравме зацртаното, станавме екипа со препознатлив стил