Фајнл-форот на Евролигата во 2023 година ќе се одржи на еден од најстрасните кошаркарски домови во светот, Каунас, Литванија, а изданието една година подоцна, во 2024 година, ќе се врати во Берлин.
Как што потврдија денеска од Евролигата, арената „Жалгирио“ ќе биде домаќин на четирите најдобри екипи на континентот, кои во петок на 19 мај ќе играат во полуфиналето. Изданието во 2023 година ќе го одбележи првиот фајналфор на Евролигата кој се игра на литванска територија. Каунас е долгогодишен кандидат за домаќин на Ф4 турнирот и сега посветените навивачи од Литванија во Евролигата конечно ќе имаат можност да уживаат во најпрестижниот паневропски кошаркарски настан.
„Среќни сме да му посакаме добредојде на Каунас на списокот на градови домаќини на Ф4 тутрниот на Евролигата. За само шест месеци, најдобрите европски тимови ќе играат за круната пред една од најстрасната публика, бидејќи Литванија е синоним за кошарка“, изјави Дејан Бодирога, претседател на кошаркарската Евролига.