Емилијано Мартинез се најде на мета на критики по доделувањето на признанијата за најдобри на Светското првенство во Катар кое го освои токму неговата земја. Откако ја доби наградата “Златната ракавица“ за најдобар голман, следеше потег кој никој не го очекуваше.
Голманот го објасни и својот гест и беше брутално искрен.
„Го направив тоа бијдеќи Французите ме исвиркаа. Честа за мене не функционира“, објасни тој за аргентинското радио Ла Ред.
Тој беше еден од играчите кои дојдоа да го утешат Мбапе, кој постигна хет-трик во финалето, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон, но тоа не може да му одземе од неговиот навистина дрзок гест.
Својата лоша страна ја покажа и при прославата во соблекувалната кога го навреди Мбапе: „Минута молк… за Мбапе кој е мртов“.
Emiliano Martinez asking for a minute of silence for Kylian Mbappé in the middle of Argentina’s dressing room celebrations.. 😐#FIFAWorldCup pic.twitter.com/k2phupBsT6
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) December 18, 2022