Михајловиќ погребан во Рим: Станковиќ и Манчини го испратија до вечниот дом

733

Познатиот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ денеска беше погребан во Рим, по последното патување од базиликата „Света Марија“.

Надвор пред црквата се собраа илјадници луѓе да се простат од прославениот ас, а меѓу нив имаше и познати фаци. Неговите големи пријатели Дејан Станковиќ и Роберто Манчини го носеа ковчегот во првите редови, по што автомобилот го однее на блиските гробишта каде што бил погребан со присуство на најблиското семејството.

Михајловиќ почина на 54-годишна возраст по долга борба со леукемија. Збогувањето со легендарниот српски фудбалер започна во неделата, кога колони Римјани чекаа пред римската општина Кампидољо за да му оддадат почит.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Кампацо е нов кошаркар на Ц. Звезда
СледноИлиоски и Георгиевски најдобри спортисти на Скопје за 2022 година