Остана без татко на 10 години, ги загуби двајцата браќа, мајка му е болна од рак… а тој синоќа стана светски првак! (ВИДЕО+ФОТО)

28119

Позната е онаа филмска реплика – „Животот пишува романи“, но она што му се случило или случува на Анхел Кореа, напаѓачот на Атлетико Мадрид, посебно по семејните драми, навистина е за една убава филмска приказна.

Кореа кој важи за талисманот на Аргентина вчера стана светски првак со својата селекција.

Но, да тргнеме по ред.

Анхел е роден пред 27 години, во градот на Меси, Росарио. Како мал, на само 10 години останува без татко. Две години подоцна го загубил едниот брат, кога има 17 години другиот брат извршува самоубиство. Неговата мајка боледува од рак веќе подолго време, а тој веднаш по трансферот во Атлетико Мадрид во таа 2015 година, беше подвргнат на операција на срцето. Истата е успешно извршена и подоцна тој игра за “јорганџиите“ и токму со неговиот гол тимот од „Ванда Метрополитано“ ја освојува последната своја титула.

А зошто Кореа е талисманот на “гаучосите“?

Па ова е четврти турнир на кој тој игра за Аргентина и на сите неговата репрезентација завршува како прва. Беше лани и на Копа Америка.

На 20 години беше прогласен за најдобар играч на СП за играчи до 20 години, потоа прави трансфер од Сан Лоренцио во Мадрид.

Дека има нешто тука, говори и следниот податок.

Анхел Кореа не се најде на конешниот список на патници за Катар на селекторот Лионел Скалони. Па така на 24 часа пред стартот на Мундијалот тој со своите пријатели си играше мал фудбал на улиците на Росарио. Но не беше заборавен. По повредите на неколкумина фудбалери Скалони во последен момент го повика напаѓачот, повикот му стигна додека тој си играше на улица со другарите. Следуваше неверојатно испраќање на аеродром, речиси цел град со песна го испрати на аеродром за летот за Доха. Притоа фановите не заборавија да му кажат дека без титула да не се враќа.

И, ете, тој се врати со титула.

Каква приказна! Неверојатна, фантастична…само за на филм.

И сега Анхел Кореа е светски првак.

Кога тој е во репрезентацијата Аргентина секогаш го освојува турнирот.

Image

Image

Image

Image

ПретходноДали имаше фаул во напад пред пеналот за Франција за 3:3!? (ВИДЕО)
СледноИво Јанакиевски на излезна врата од Работнички