КК Црвена звезда го потврди доаѓањето на аргентинската кошаркарска ѕвезда, Факундо Кампацо.
Аргентинецот до крајот на сезоната во Звезда треба да заработи 1,8 милиони евра, а доколку остане и во следната сезона „црвено-белите“ ќе му исплатат уште 2,5 милиони.
Постои можност за раскин на договорот на лето за само 50.000 евра, што веројатно би го
„Црвена звезда со доаѓањето на Кампацо доби огромно засилување на плејмејкерската позиција, играч со исклучителна брзина, преглед на играта, многу решенија во нападот и поени во рака, а искусниот Аргентинец веднаш се приклучува на тренинзите на нашиот тим“, објави клубот.
Кампацо оваа сезона одигра само осум натпревари во НБА лигата и имаше просек од 1,3 поени и 1,1 асистенција за 6,5 минути по натпревар.
Argentinski plejmejker Fakundo Kampaco novo je pojačanje KK Crvena zvezda!
Welcome, Facundo! 🔴⚪️
Detaljnije: https://t.co/IZQrD0U4vx#kkcz #TogetherWeCan #WeAreTheTeam | @EuroLeague pic.twitter.com/Y8355zsXOO
— KK Crvena zvezda mts (@kkcrvenazvezda) December 19, 2022