ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: БАСКЕТ КАМ 2011 ќе презими на првото место!

72

Со максимални осум победи, во исто толку одиграни натпревари, кошаркарките на Баскет Кам 2011 ќе презимат на првото место во Првата лига-жени.

Девојките од Македонска Каменица успеаја да го задржат стонастотниот ефект во овој прв дел од првенството откако на домашен терен беа подобри од Гризли Баскет (65:56). Дебитантот по триумфот над Бадел пружи силен отпор, но Баскет Кам 2011 успеа да го урне истиот и да дојде до нова победа со која ја задржа предноста во однос на првиот конкурент за првото место – екипата на Вардар.

„Вардарки“ победија во Струга (76:63), но наидоа на голем отпор кои им го дадоа стружанки кои на овој натпревар во салата „Нико Нестор“ влегоа доста ослабени со неиграњето на повредените Шејкероска, Зендели, Модева и Муртезани.

Јелена Антиќ реализираше 18.поени, Деловска и Петковска по 16, а Зафировска уште 13.поени за екипата од Скопје, додека на другата страна Софи Ли дојде до 27.реализации, а Стојаноска дополни со уште 15.

А многу важен триумф реализира екипата на МЗТ Скопје Аеродром, на гостински терен во Крива Паланка (76:72), со кои девојките од Аеродром го задржаа третото место на табелата, пред Бадел 1862 кој во ова коло немаше проблеми во дуелот со кавадаречки Пробаскет (73:41).

Следува пауза во ова натпреварување, а наредното 9. коло, ќе се одигра на 21.јануари, во наредната 2023 година.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром     72:76

Бадел 1862 – Пробаскет 73:41

Струга 2009 – Вардар      63:76

Баскет Кам 2011 – Гризли Баскет       65:56

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 16, Вардар 15, МЗТ Скопје Аеродром 13, Бадел 1862 12, Струга 2009 11, Крива Паланка 11, Гризли Баскет 10, Пробаскет 8;

ИДНО КОЛО (21.01.2023)

Бадел 1862 – Крива Паланка

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

Пробаскет – Баскет Кам 2011

Гризли Баскет – Струга 2009

ПретходноСилекс се засили со младинскиот репрезентативец Хамза Рамани!
СледноФ4 турнирот во Евролигата оваа сезона во Каунас, догодина се враќа во Берлин