Инфантино има нов план: Светско првенство на секои три години!

207

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино сака Светското првенство да се одржува на секои три години како дел од долгорочниот план за револуција во меѓународниот фудбал, објави денеска британски „Дејли Меил“.

Во текстот, весникот вели дека комерцијалниот и спортски успех на турнирот во Катар го охрабри Инфантино за неговите големи амбиции, кои почнаа со објавата минатата недела дека во 2025 година ќе се одржи проширено Светско клупско првенство и покрај тоа што не успеа да обезбеди поддршка од играчите, клубовите и меѓународните конфедерации.

Инфантино е убеден дека организирањето на Светското првенство среде зима во Европа се покажало како промена на играта, што покажува дека спортот може да продолжи да расте и да се глобализира. И покрај стравувањата од исцрпеност на играчите и масовни повреди во Катар, фудбалот обезбеди привлечен спектакл, при што генерираше и рекордни приходи од 6,2 милијарди фунти, што е зголемување од 840 милиони фунти во однос на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Долгорочната амбиција на Инфантино е да воспостави радикален нов турнирски циклус, во кој Светското првенство ќе се одржува на секои три години, а во другите години ќе се одржуваат Светското клупско првенство и континенталните натпреварувања, како Европското првенство.

Ваква радикална промена не е можна до Светското првенство во 2030 година.

ПретходноРоналдо се скарал и со агентот затоа што не може да му најде клуб во Европа
СледноЕден играч поради повреда отпадна, Лазаров со 20 ракометари во Маврово!