Репрезентативците на Мароко денеска во Рабат беа пречекани како национални херои. Исто така чест им укажа и кралот на Мароко, Мохамед VI, кој ги нагости хероите кои секако заслужија ваков пречек со освојувањето на четвртото место на СП во Катар.
Интересно е тоа што тие на приемот кај кралот дојдоа со своите горди мајки.
Селекцијата на Мароко е гордост на арапскиот свет, гордост на Африка. Секако дека тие се и гордост на народот на Мароко.
Хакими, Зијеш и останатите имаа супер успешен настап на Мундијалот.