Атланта ја прекина победничката низа на Орландо, тексашкото дерби за Сан Антонио (ВИДЕО)

72

Кошаркарите на Атланта вечерва на домашен терен го победија тимот на Орландо со 126:125 и со тоа му го нанесоа првиот пораз на тимот од Флорида во последните седум натпревари во НБА лигата. Клучни поени за победата на домашните постигна Дежонте Мареј од линијата за слободни фрлања на 1,3 секунди до крајот на натпреварот.

Треј Јанг забележа дабл-дабл учинок со 37 поени и 13 асистенции во победата на Атланта, Еј Џеј Грифин постигна 19 поени со седум скока, а Мареј, кој се врати на теренот откако пропушти пет натпревари поради повреда, постигна 17 поени.

Сан Антонио го победи Хјустон со 124:105 на гостувањето во дербито на Тексас. До победата гостите ги предводеше Девин Васел со 24 поени, додека Даг Мекдермот запиша 16 поени. Милвоки на гости го совлада Њу Орлеанс со 128:119, со 42 поени и 10 скока на грчкиот кошаркар Јанис Адетокунбо.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Јута 122-99

Филаделфија – Торонто 104-101 (прод.)

Атланта – Орландо 126-125

Хјустон – Сан Антонио 105-124

Минесота – Далас 116-106

Њу Орлеанс – Милвоки 119-128

Оклахома – Портланд 123-121

Феникс – ЛА Лејкерс 130-104

Сакраменто – Шарлот 119-125

ПретходноАргентина „гори“: Пристигнаа шампионите, невидена лудница низ улиците (ЖИВО)
СледноДешамп може да остане селектор на Франција, но има еден услов