Ајнтрахт Франкфурт е избран за „Тим на годината“ во Германија

71

Ајнтрахт Франкфурт е избран за „Тим на годината 2022“ во Германија според гласањето на спортските новинари. Во текот на годината, Ајнтрахт го освои трофејот во Лигата на Европа, победувајќи го Ренџерс во финалето на пенали. Тимот ја доби престижната награда за првпат во својата историја, а стана и само шестиот фудбалски тим што добил вакво признание.

„Да бидеме избрани за тим на годината е извонредна чест за нас. Особено ако се земе предвид дека и женската фудбалска репрезентација ја заслужи наградата“, рече членот на Управниот одбор Маркус Кроше.

„Во име на целиот тим, сакам да искажам огромна благодарност за наградата. Ја прифаќаме оваа чест со сите кои ни помогнаа да ја освоиме Лигата на Европа – играчите, тренерите, персоналот, како и како и навивачите кои беа на сите стадиони со нас“, изјави тренерот на тимот Оливер Гласнер.

ПретходноМанасков: Ако не веруваме, подобро да не патуваме на Светско!
СледноМеси вели добро утро со „Божицата“ во кревет