Бекер излезе од затвор и веднаш заработил половина милион евра!

768

Еден од најголемите тенисери во историјата, легендарниот Борис Бекер (55) откако пред неколку дена излезе од затвор веднаш даде интервју за ТВ Сат1 за кое заработи половина милион евра.

„Билд“ пишува дека Бекер веднаш отишол на фризер за да добие „бакарна“ боја на коса и да ги сокрие сивите влакна. Истиот извор пишува дека тој престојува во луксузен хотел во Минхен, а бројни Германци ја нападнале споменатата ТВ куќа поради огромна сума на пари која ја дала за интервјуто.

Да потсетиме дека Бекер одлежа осум месеци од две и пол години затвор, на која беше осуден поради обид да сокрие пари и други вредни предмети вредни 2,5 милиони фунти во стечајна постапка со намера да избегне плаќање на долгови.

Интервјуто кое ќе се емитува вечерва ќе зборува за деновите минати во затвор.

„Во затвор си никој и ништо. Не бевм Борис. Бев само број. Мојот беше А2923ЕВ. Повторно открив каква личност бев. Научив голема лекција, беше скапа и болна. Некои работи се случуваат со причина“, изјави Бекер.

ПретходноЕ.Пелистер 2 и Кукуловски спогодбено ја раскинаа соработката, Чешка нова дестинација!
СледноФантастично: Мароканците пречекани во Рабат како да се светски шампиони! (ФОТО+ВИДЕО)