Комити во спомен на Дарко Смоковски Смок (ВИДЕО)

3335

Денеска навивачката група на Вардар, Комити Запад загубија верен член во Дарко Смоковски Смок. Момчето родено 1999 година трагично во несреќа го загуби животот, кој што се вели туку што го започна да го живее со полни гради.

Комити спонтано на повик на водството на групата вечерва се собраа пред Јужната трибина на Стадионот Тодор Проески во Скопје, за да запалат свеќа и да се простат од Смок. Запалија и „бакљи“, запеаа песна. Во името на Смок и во името на сите оние кои повеќе не се тука, а секогаш ќе го носат Вардар во срцето… каде и да се.

Смок почивај во мир

 

 

ПретходноНа Мундијалот во 2026 ќе има и по шест мечеви дневно!
СледноЗидан сега ја “мерка“ клупата на Јувентус!