Лазаров: На СП ќе биде тешко, но ме радува мотивираноста на овој тим

397

Селекторот на нашата сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денеска на прва средба и со новинарите на стартот на подготовките за СП 2023. Во својата прва изјава на првиот собир на ракомеарите Лазаров истакна задоволство од мотивираноста на ракометарите за големото натпреварување во кое влегуваме со подмладен состав.

„Ова е почеток на подготовките. Имавме тешка задача да се пласираме на ова СП. За првпат имавме два баражи против екстра квалитетни репрезентации, но ние успеавме во нашата цел. Успеавме во еден процес каде имаме комплетна промена на репрезентацијата и навистина сум горд што успеавме да го задржиме контиунитетот на настапи на СП. Сега е нов предизвик. Имаме многу подмладена репрезентација. Имаме талентиран тим, малку неисусен за вакво натпреварување затоа што ова е сосема друго натпреварување за разлика од квалификациите. Имаме време за подготовки, ќе бидеме комплетни, само Митревски доаѓа на 23 декември и Филип Кузмановски кој ќе дојде подоцна на 28 декемри поради обврски во Бундеслигата“, вели Лазаров.

Селекторот за очекувањата од настапот на Мундијалот вели:

„Имаме многу тешка група. Да не зборуваме многу за Норвешка. Холандија е во страшен подем, а Аргентина на последното СП направи големи проблеми за силните репрезентации, па дури ја победи и една Хрватска. Ќе тргнеме скромно, да останеме здрави сите до почетокот на СП. Низ разговорите со ракометарите увидов дека постои голема мотивираност и тоа ме радува. Целите за нас се веќе поставени. Самиот пласман е успех, но секако ќе се бориме и за пласман во вториот круг. Нема да биде лесно, но ќе се обидеме да направиме некое изненадување“.

ПретходноНовинар тврди: Гризман и Лорис беа среќни што Бензема се повреди и не играше во Катар!?
СледноУсик vs. Фјури на почетокот на 2023 година!