Лудило: Шампионска парада низ улиците на Буенос Аирес, невидена еуфорија!(ФОТО+ВИДЕО)

282

Невидено лудило во Буенос Аирес. Милиони луѓе се на улиците на главниот град на Аргентина. Сите сакаат да ги поздрават светските прваци. Сите сакаат да го видат Лео Меси со пехарот и останатите херои на Аргентина. Невидена парада се случува во моментов низ Буенос Аирес. Интересно ова е трето славје низ улиците на градот за ден и половина. Првото беше веднаш по завршувањето на финалето, потоа следуваше пречекот на фудбалерите, а сега е парадата.

Цела Аргентина е на нозе, сите се во еуфорија, вакво нешто не се случило досега никаде кога станува збор за славје по фудбалски настан.

 

Image

Image

 

Image

 

ПретходноИско си заминува од Севиља
СледноТалески: Свесни сме дека дојде нашето време, нема повеќе оправдувања!