Меси со емотивно видео: Три децении исполнети со радост, но и тага! Мојот сон беше светската титула!

537

Лионел Меси во петтиот обид успеа да го освои Светското првенство и со тоа да ја обезбеди титулата според многумина најдобар фудбалер на сите времиња. Легендарниот Аргентинец по финалето веќе неколку пати се огласи на социјалните мрежи, а сега ја состави и најобемната објава.

Тој објави видео во кое раскажува како почнал да игра фудбал како дете во Грандоли, клуб од неговото соседство и нагласува дека негов сон е да игра за аргентинската репрезентација. Во компилацијата се и неговите први фудбалски чекори и најзначајните потези од СП во Катар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

„Патувањето од Грандоли до Светското првенство во Катар траеше речиси 30 години. Три децении топката ми даваше многу радости, а понекогаш и ме растажуваше. Отсекогаш сонував да бидам светски шампион и не сакав да престанам да се трудам, дури и знаејќи дека можеби никогаш нема да успеам.

Овој трофеј што го освоивме е и за сите оние кои не успеаја на претходните светски првенства, како во 2014 година во Бразил, каде сите заслуживме да станеме шампиони. Се боревме до финалето, работевме напорно и сакавме да станеме шампиони. И го заслуживме тоа во тие проклети продолженија.

Ова е и за Диего, кој нè охрабри од небото. И од сите оние кои секогаш ја поддржуваа репрезентацијата, не само гледајќи го резултатот туку и желбата што секогаш ја имавме, дури и кога работите не одеа како што сакавме.

И секако, ова е за нашата одлична екипа, стручниот штаб, сите репрезентативци и луѓе кои работат деноноќно во позадина за да ни олеснат се. Неуспехот често е дел од патувањето и учењето, а без разочарување е невозможно да се постигне успех. Ви благодарам од се срце! Одиме Аргентина!!!”

ПретходноТалески: Свесни сме дека дојде нашето време, нема повеќе оправдувања!
СледноМакедонија останува на 65. место на ФИФА листата!