Лионел Меси урна нов рекорд. Овој пат тоа го стори на социјалните мрежи, поточно на неговиот „Инстаграм“ профил. Фотографијата која ја сподели со пехарот од освоеното Светско првенство направи вистински БУМ, истата доби неверојатни 64 милиони „лајкови“.
Оваа информација ја потврди Марк Зукенберг.
„Објавата на Лео Меси на Светското првенство сега е најлајкувана во историјата на Инстаграм. WhatsApp исто така достигна рекордни 25 милиони пораки во секунда за време на финалето“.