Некои играчи на француската репрезентација се израдувале поради тоа што Бензема се повредил и не е со рфепрезентацијата на Светското првенство во 2022 година.
Ова го тврди новинарот Ромен Молина. Според него, на напаѓачот Антоан Гризман и на голманот Уго Лорис им било мило што Бензема нема да биде со Франција на Светското првенство во 2022 година. И двајцата, тврди тој, „никогаш не го прифатија неговото враќање во репрезентацијата“, бидејќи се сметаат себеси за лидери.
Вчера напаѓачот на Реал Мадрид објави дека се повлекува од француската репрезентација. Карим одигра вкупно 97 натпревари за Франција и постигна 37 гола.