Роман Абрамович се враќа на сцена, одлучи да купи турски тим!

2406

Роман Абрамовиќ го презеде Челзи во 2003 година и во следните 19 години го направи лондонскиот клуб еден од најголемите во светот. Сепак, на почетокот на март оваа година тој објави дека го продава клубот, причината е руската агресија врз Украина. Владата на Велика Британија поради војната му го замрзна имотот.

Набрзо тој го напушти Челзи и повеќе не е сопственик на лондонскиот гигант. Со оглед на тоа дека Роман останува фудбалски фанатик, тој нема намера да ги менува своите деловни и хоби планови.

Тој сака да продолжи да го води клубот, но допрва треба да ја добие својата „нова играчка“. Се зборуваше дека е подготвен да ја купи Валенсија, познат шпански клуб, но тој план пропадна.

Тогаш постоеше можност да го купи Гезтепе, но сега наводно е блиску до купување на Бешикташ. Роман е решен да ја преземе сопственоста на еден од најголемите турски тимови.

Турскиот весник „Хуриет“ пишува дека рускиот тајкун одлучил да се смести во Истанбул, каде што ги закотвил своите четири јахти и дека е подготвен да се пресели во својата нова вила во еден од најбогатите квартови во Истанбул.

По инвазијата на Украина од страна на руските војници, на Роман му беа воведени санкции во САД, Велика Британија и Европската унија, па Турција ќе стане негова втора татковина.

ПретходноМеси урна нов рекорд: На Фотографијата со пехарот доби неверојатни 64 милиони „лајкови“!
СледноЕ.Пелистер 2 и Кукуловски спогодбено ја раскинаа соработката, Чешка нова дестинација!