Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо сега влезе во конфликт и со неговиот агент. Долгогодишен агент на португалската ѕвезда, Жорге Мендеш, е во крајно затегнати односи со Роналдо во последните недели, особено по неговото заминување од Манчестер Јунајтед. Незадоволството на фудбалерот доаѓа од тоа што, во моментов, нема конкретни понуди од европски екипи за него, иако тој е слободен играч.
За Роналдо има само две понуди и тие доаѓаат од Блискиот Исток. Сепак, тие немаат никаква врска со Мендеш, кој ги водеше работите на Португалецот повеќе од една деценија. Роналдо се уште го чека развојот на трансферот и не сака да ги прифати понудите од Саудиска Арабија и Катар.