Тиквеш стартува на деветти јануари, Анталија е планот, а се зависи од Барга

1916

ФК Тиквеш во изминатата полусезона во ПМФЛ шампионатот, покажа дека не само што е кададарен да биде во горниот дел од табелата, дека може да се носи со најдобрите, туку и дека со малку среќа може да атакува и на место за Европа.

Со седнувањето на Ѓорѓи Мојсов за шеф на стручен штаб, многу работи дојдоа на свое место во Кавадарци, па Тиквеш собра и повеќе од доволно бодови за мирен од во тековниот шампионат. Она што секако преостанува е да одигра и напролет во добар стил и да се остави уште подобар впечаток.

Од Кавадарци доаѓат повеќе информации кои кажуваат за активностите што следуваат. Се планира да се стартува на деветти јануари, и да се работи во домашни услови. Управата ги прави сите напори за да се обезбедат подготовки во Анталија и да се спарингува со силни противници.

Барга со понуди од Русија, Казахстан, Израел….

Најдобриот играч на Тиквеш во изминатот период, интернационалецот од Камерун, Нгоба Анаел Барга е пред трансфер. Неговата добра форма и голови нормално е да биде искористена и ќе се инсистира на негова преселба уште зимава. Спортмедиа дознава дека тој има опција за заминување во Русија, Казахстан и Израел, а со оглед на фактот дека има и договор со Тиквеш со лето, во Кавадарци очекуваат отштета за него.

Дончев и Тасев се приоритет зимава

Што се однесува пак до остатокот од тимот, во моментов е приоритет да се задржат Глигор Дончев однодно Данаил Тасев чии договори завршија зимава. Со Тасев веќе е договорена нова соработка, додека со Дончев ќе се преговара неделава.

 

ПретходноМеси вели добро утро со „Божицата“ во кревет
СледноСилекс на пролет без Коцев, Цветаноски, Јанкулов