„Финалето на ова СП беше подобро и од пресвртот на Ливерпул во Истанбул“

150

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Глен Џонсон го нарече финалето на Светското првенство во 2022 година најдоброто досега.

„Ова е дефинитивно најдобриот крај што некогаш сум го видел. Тоа еден од најдобрите натпревари во историјата! Имаше се освен црвен картон: одличен напад, одлична одбрана, голови, одбрани. Мислам дека ова е најдобриот крај што сум го видел. Тој беше уште подобар од мечот во Истанбул во 2005 година, кога Ливерпул направи пресврт во финалето на Лигата на шампионите“, вели Џонсон.

Репрезентацијата на Аргентина победи во финалето на Светското првенство победувајќи ги Французите на пенали, откако двапати водеше со 2:0 и 3:2, но Франција с евраќаше за реми од 2:2 и 3:3, па пеналите мораа да одлучуваат. Во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2004/2005, Милан водеше против Ливерпул со 3-0 во првото полувреме, но по паузата „црвените“ постигнаа три гола за израмнување. Како резултат на тоа, судбината на трофејот беше решена во пенал рулетот, кој им припадна на Англичаните.

ПретходноТФТ по продолжение до дебитанска победа во АБА2-лига!
СледноАргентина „гори“: Пристигнаа шампионите, невидена лудница низ улиците (ЖИВО)