Тимот на Силекс прв зимава промовираше ново засилување за напролет од сите ПМФЛ екипи. Тоа е младинскиот репрезентативец на Македонија Хамза Рамани кој доаѓа од Победа, откако во Прилеп одигра и повеќе од солидна полусезона.
Сепак, не може да се донесат засилувања, без некој да си замине од тековниот ростер, па да се ослобди место за оние новите.
Спортмедиа дознава дека во Кратово повеќе не сметаат на Роберт Коцев, Дејан Цветаноски и Георгије Јанкулов кој ќе мора да си побараат нова средина.
Од друга страна најавени се засилувања, како на стоперската позиција, така и во навалните редови. Спортмедиа дознава дека Силекс е во потрага по класична „десетка“ и најверојатно тоа ќе биде Арменд Алими.