Гвардиол има откупна клаузула од 110 милиони евра

291

Еден од најдобрите фудбалери на изминатиот Мундијал во Катар, стоперот на репрезентацијата на Хрватска, Јошко Гвардиол сепак, има откупна клаузула во неговиот тековен договор со тимот на Ред Бул Лајпциг.

Околу истата многу се шпекулираше во последно време, особено поради големиот интерес за него како од Премиер лигата така и од Примера па нормално е на крајот истата и да излезе во јавност.

Цели 110 милиони евра чини „слободата“ на Гвардиол доколку некој од великаните сака да го види во своите редови. Реал Мадрид според многумина е најсериозниот кандидат, прави нов тим со веќе постечки млади звезди во тимот, и неколку потенцијални како хрватскиот стопер.

 

ПретходноМирковски ги собира најмладите кошаркари после празниците!
СледноСалихамиџиќ конечно со одговор на голманското прашање во Баерн