Килијан Мбапе постигна три гола во финалето на Светското првенство, но не го освои шампионатот. Младиот Французин на тој начин стана најдобар стрелец на турнирот со осум гола, но и тоа не беше доволно за одбрана на титулата. На полувремето Аргентина водеше со 2:0 со головите на Лионел Меси и Ди Марија.
Франција се врати во 80. и 81. преку Килијан Мбапе, а потоа Аргентина поведе во судиското продолжение преку Меси во 108. минута. Неверојатниот Мбапе во 118. минута им донесе на Французите 3:3, но потоа беа поразени по лошото изведување пенали.
На социјалните мрежи кружи видео од француската соблекувална на полувремето. Главен говорник е Мбапе, кој малку подоцна се трансформираше во главниот лик на „триколорите“. Тренерот Дидие Дешамп оди низ соблекувалната и молчи, додека Мбапе вели:
“Ова е мечот на животот, се игра на секои четири години. Полошо од ова не можеме! Можеме да се вратиме”, се обиде да ги мотивира соиграчите кои седеа во тишина.