Меси останува во Париз, има устен договор со ПСЖ

308

Договорот на Лионел Меси со ПСЖ истекува во летото 2023 година, но новинарот Фабрицио Романо вечерва објави вест во која тврди дека истиот ќе биде обновен. Иако во последните неколку недели имаше неколку гласини за преселба на Меси во Интер Мајами, сепак, Романо тврди дека работите одат во насока на продолжување на договорот со францускиот шампион.

Се зборува дека двете страни веќе постигнале устен договор. Засега не се разговарало за детали за должината, платата или слично.

ПретходноРоналдо слета во Ријад, ќе го реализира трансферот во Ал Наср
СледноНа радост на штипјани: Горан Здравков е новиот тренер на Брегалница!