Ајнтрахт Франкфурт: Да, ни го понудија Кристијано Роналдо…

511

Кристијано Роналдо веќе неколку недели е без клуб откако „раскина“ со Манчестер Јунајтед. Па тој е во потрага по нов клуб, а се чини дека нема ништо од зделка со Ал Наср од Саудиска Арабија. Се зборуваше за плата од 200 милиони долари годишно, дека му бил ветен и дресот со број 7, но тоа нема да се случи.

Роналдо е во потрага по европски клуб, поточно би бил задоволен да игра во клуб кој настапува во Лигата на шампионите. Од Ајнтрахт Франкфурт соопштија дека им бил понуден Роналдо.

Извршниот директор Аксел Хелман и спортскиот директор Филип Холцер за „ДАЗН“ потврдија дека им го нуделе Роналдо.

„Ни го нудеа Роналдо“, откри Хелман.

„Имам чувство дека го нудат на сите клубови кои играат во ЛШ“, вели Холцер.

Ситуацијата стигна до таму што никој не го сака португалскиот ас. Ајнтрахт кој се квалификува во ЛШ оваа сезона поради тоа што ја освои ЛЕ минатата сезона засега не планира негов ангажман.

Ајнтрах ја помина групата во драматична завршница и во осминафиналето ќе игра со Наполи.

ПретходноФОНДАЦИЈАТА ЕДУКАТА ГИ ИЗБРА ПРВИТЕ 12 СТИПЕНДИИ
СледноМароканците ќе ја донираат паричната награда од ФИФА на сиромашните