Аргентинците ја донесоа титулата во Буенос Аирес, се обидоа да одржат победничка парада пред повеќе од четири милиони луѓе, но фудбалерите беа евакуирани со хеликоптер кога навивачите почнаа да скокаат на покривот на автобусот и да паѓаат околу него.
После ова Лионел Меси веднаш бил пренесен во неговиот Росарио, оддалечен 300 километри, каде што го дочекал целосен хаос пред неговиот дом. Полицајците морале да го обезбедуваат пристапот до гаражата, преку која тој влегол во куќата додека околу него се стотина обожаватели извикуваа: „Шампионе, шампионе“.
This is how Messi was received minutes ago at his home in Rosario.
🗣️ “Thank you Lio, Thank you Lio.”
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) December 20, 2022